Финансиска стимулација.
Сведоци сме на тоа дека живееме во време кога енергијата е една од најголемите грижи на владите, компаниите а со тоа и најдирекно на домаќинствата. Фактот што живееме на простор каде што сончевото зрачење во текот на годината е големо не тера да размислиме за тоа како да се искористи дел од таа енергија за потребите на секојдневното живеење.
Со цел да се зголеми и популаризира малиот интерес за соларната енергија, во нашава земја се превземаат акции со кои врши стимулација на граѓаните да се снабдат со ситемеи за искоритување на соларната енергија.
За таа цел владата на Р. М. во почетокот на 2007 година имаше акција за стимулација на корисниците на соларна енергија, односно за секој нов инсталиран соларен систем владата субвенционираше до 30% од неговата вредност. Акцијата важеше за првите 500 корисници на соларните системи .
Ова го нагласуваме затоа што покрај ваквиот директен начин на субвенционирање кој за жал е еднократен и краткорочен треба да се земе во предвид долгорочноста на инвестицијата и финансиските ефекти кои се добиваат во годините кои претстојат.
Знаејќи дека соларните системи се инсталации со долг век на траење и експлатација, повеќе од сигурно е тоа дека финансискот ефект врз буџетот ни од далеку не е за занемарување.
Инвестицијата за набавка и инсталација на соларен систем се враќа за 2 до 4 години, ова во голема мерка зависи од големината на системот и неговата експлоатација.
Овде нагласуваме дека просечниот век на експлоатација на соларните системи е од 20 до 25 год.
Трендот на зголемување на цената на електричната енергија и недостапноста до поевтини енергенси, нé тера во примената на соларните системи за затоплување вода да го видиме најдобрато и најекономичното решение.
Пораст на цена на електричната енергија во Македонија во изминативе 12 години. .
|
|
Кај домашните односно комерцијалните системи.
Со самото инсталирање на системот и негово пуштање во работа, почнуваме со штедење електрична енергија во делот на затоплување вода. Штедењето може да се зголеми со приклучување на други уреди кои се корисници на топла вода во објектите, како на пример: машини за перење алишта и машини за миење садови, базени, кујни и др.
Генерално може да се заклучи следново: на 1м2 инсталирана површина со колектори годишно се прави зашдеда на енергија од 1500 до 1600 KW (важи за вакуумски системи)
|
|
|