| соларни системи | | греење | | вентилација | | климатизација | | контакт |
финансиска стимулација
што е соларен систем
станбени објекти
комерцијални објекти
грижа за корисниците
н.п.п.
каталози и цени
работно портфолио
контакт
 
 
 
 
 
Грижа за корисници.
Во овој дел од странава Ви ги даваме на располагање нашите услуги кои треба да обезбедат сигурно и долгорочно користење на системите кои претходно ги имаме инсталирано во вашите комерцијални објекти или системите за домашна употреба.
Нашата компанија има специјализиран тим кој најбрзо што може ќе даде одговор на вашите прашања.
Грижата за корисниците е засебна и на некој начин одвоена од деловите кои се занимаваат со проектирање, инсталација и производство. Со цел да обезбеди континуиран сервис и грижа за високиот квалитет на услуга на нашите клиенти и после инсталирање на системите.
Стандарден пакет за корисници.
Стандардниот пакет за корисници е всушност сет на услуги и документи (прописи) кои компанијата ги дава на располагање на своите корисници. Овој пакет е дизајниран така да ги зголеми вашите знаења за соларните системи, да го зголеми ефективното користење на системот, да овозможи правилно ракување со истиот.
Сетот ги содржи следниве информации и документи:
- Гарантни листови за колекторите, бојлерот и другите елементи на системот.
- Упатства со информации за користење на системот.
- Информации за опремата (каталози и спецификации за поедини делови).
- Проектна документација за инсталираниот систем (за инсталации кај комерцијални и големи станбени објети)
- Портфолио за нашата компанија (каталог).
- Формулар за писмено обраќање до нас.
Одговори:
Стручните лица од нашата компанија се секогаш достапни да дадат одговор на вашите прашања или забелешки. Без разлика што соларните системи не бараат речиси никакво одржување, лицата одговорни за грижа на корисниците ќе ви бидат на располагање во годините кои доаѓаат.

Мејлинг листа:
Сите наши клиенти кои се регистрирани на мејлинг листата на нашата компанија ќе бидат во можност да добиваат периодични информации од областа на соларната енергија, користењето на системите, новите трендови во оваа област и др.
Регистрацијата на мејлинг листата може да се направи преку испараќање порака на нашиот е-маил (види контакти) со следна содржина:
*** Мејлинг листа за клиенти и корисници***
Вашиот е-маил ќе биде регистириран.

Решавање проблеми:
Нашето искуство и тимот на соработници со кои сме во постојан контакт, Ви гарантираат решавање на настанати проблеми во системите за соларно затоплување вода кај сите типови на корисници. Континуираното следење  на оваа проблематика ни дава за право да Ви гарантираме успешно решавање и на најситниот проблем во вашиот систем.
Последнo обновување на овој дел од страната е извршено на 02.02.2008 година.
 
Сите права врз материјалите на страната се во сопственост на "S-System" © 2008. Дизајнанирано од "S-System"