| соларни системи | | греење | | вентилација | | климатизација | | контакт |
финансиска стимулација
што е соларен систем
станбени објекти
комерцијални објекти
грижа за корисниците
н.п.п.
каталози и цени
работно портфолио
контакт
 
 
 
 
 
Прочитај!
Информациите приложени во овој дел не треба да се земат како целосни и истите треба да се земат со генерално значење. Компанијата не превзема одговорност за последици настанати од постапки кои произлегуваат од текстов. Ви даваме до знаење дена секоја инсталација извршена надвор од законските пропис, стандарди и правила на работење носи ризик кој вие самите го преземате.
Што е соларен систем за затоплувањен вода?
Соларен систем за затоплување вода е систем кој загревањето на водата го врши со енергија преземена од сонцето. Енергијата се собира во специјално дизајнирани колектори за соларна енергија, кои цевно се поврзани со елемент или елементи за акумулирање топлина (бојлери). Системите можат да се користат за загревање вода која се користи за домашни потреби, загревање базени, пластеници за раноградинарски култури и др.
Ние главениот акцент ќе го задржиме на системите за домашна употреба, но притоа нагласуваме дека главните принципи на системите се исти и за другите типови на решенија.
Зошто соларен систем за затоплување на вода?
>Ви заштедува пари користејќи бесплатна енергија од сонцето за затоплување вода.
>Помага при заштеда на животната средина, индиректно со намалување на емисии на испуштање опасни соединенија во животната средина.
>Го зголемува квалитетот на вашето живеење.
>Ако е правилно инсталиран скоро и да не е потребно негово одржување.
>Долг период на експлоатација (20-25) годни.
Што се случува во различни периоди од годината?
Системите за соларно загревање вода зависат од радиационото а не од директното сончево зрачење, зарад тоа тие функционираат и при лошо време (облаци, дожд и сл.). Како и да е, во зимскиот период во зависност од тоа како е изведен системот тој може да помогне во еден дел на затоплување водата додека останатиот треба да го направи електричен или некој друг вид на граеч. Додека во другите периоди од годината системот во најголем дел без никаква друга допуна на енергија врши затоплување водата.
Во зависност од микро локацијата на инсталирање и намената на системот можат да се изберат соодветни типови на колектори и истите да овозможат максимално искористување на системот во текот на целата година.
Технички поединости.
Во главно кај системите за затоплување вода која се користи во домаќинствата разликуваме два вида инсталации:
1. термосифонски кои немаат потреба од дополнителни активни елемент во нивното функционирање (пумпа и систем за контрола на процесот на циркулација) и,
2. централни соларни системи кои користат активни елемент при нивното функционирање.
Во овој дел на кратко ќе ги преставиме и двата системи. Ова воедно се и најупотребуваните системи за затоплување вода која се користи во домаќинствата и малите комерцијални објекти.

Колекторот треба да биде со лицето свртен кон југ или блиску кон југ под агол кој ќе ни овозможува природен упаден агол на сонцето. За да се овозможи струење на водата од колекторот кон изменувачите поставени во резервоарот за топла вода потребно е да се инсталира пумпа за циркулација. Под дејство на силата на притисок на пумпата водата која се наоѓа во колекторот и која е загреана од сонцето се транспортира до бојлерот каде што се предава на водата во бојлерот преку изменувачите. Работата на пумпата е строго регулирана со помош на диференцијален контролер на температурите на водата во бојлерот и водата во колекторот. Контролерот врши споредување на температурните вредности на бојлерот и колекторот и во зависност од тоа на која диференцијална разлика е наместен ја активира или деактивира пумпата, со што овозможува да водата во бојлерот само се догрева а никако да се лади. Односно исклучена е можноста кога температурата на бојлерот е повисока од температурата во колекторот, да се активира пумпата и да имаме обратен процес. За балансирање на притисокот во колекторите, цевководот и изменувачот се користи експанзионен сад.
Ќе потенцираме дека водата која струи во колекторите и изменувачот индиректно ја загрева водата во бојлерот што значи водата која е во бојлерот не се меша со онаа во колекторите и изменувачот. Тоа значи дека примарниот топлотен круг цело време функционера со одредено количество на топлоностел, кој пожелно е да не биде вода поради заштита од мрзнење во зимските месеци кога системот има ограничена употреба.

Покрај централни системи со присилно струење на топлоностелот, едни од најкористените и по функција наједноставни се термосифонските системи. Кај нив преносот на топлината од колекторот во изменувачот го прави самоит топлоносител по термодинамички пат, односно топлата вода секогаш оди нагоре а ладната надолу што овозможува да загреаниот топлоносител се движи кон изменувачот во бојлерот кој се наоѓа на поголема височина од колекторот и таму се лади (со тоа ја загрева водата во бојлерот) и повторно под дејство на новиот потопол топлоносител се носи на влез во колекторот.
Овие системи се крајно едноставни по функцја и ако се направи споредба на цената и функцијата се најдобро рангирани кај соларните системи за загревање вода кои се користат во домаќинствата и малите комерцијални објекти.
Колектори.
Колекторите кои овде ќе ги претставиме се наречени рамни панелни колектори, ова го нагласуваме да не настане забуна поради тоа што постојат и  други видови на колектори за апсорбирање на сончева енергија. Рамните панелни колектори се изработени од бакарни цевки поврзани во форма на решетка, која е во допир со бакарна плоча која се простира по целата површна на колекторот. Ваквиот систем е поставен во соодветна метално алуминиумска рамка која од долната површина има термичка изолација а од горната површина е заштитена со специјално стакло, кое нема улога само на заштитник. Бакарните површни кои се подложени на зрачење се обоени црно, со специјален премаз од нерефлектна боја која издржува високи температури. Овие типови на колектори се доста ефективни во споредба со нивната цена и поради тоа имаат многу широка примена.
Како алтернатива на рамните колектори се вакуумските колектори кои работат на друг принцип и со други топлоностели. Вакумските колектори се неколкуструко поскапи од рамните но и многу поефективни, особено во зимските месеци кога имаме мала должина на денот и многу студено време.
Во долната табела ориентационо е даден односот на бројот на корисници со површината на колекторите и големината на бојлерот.
Број на корисници
Вкупна површина на колекторте (m2)

Големина на бојлер (l)

1-2
2,5
160
3-4
3,5
200
4-5
4,5
250
5-6
6
300
8
8
400
10
10
500
12
12
600
16
16
800
20
20
1000
26
26
1300
32
32
1600
40
40
2000
44
44
2200

Табелата важи за рамни колектор, не за вакумски.
Последнo обновување на овој дел од страната е извршено на 02.02.2008 година.
 
Сите права врз материјалите на страната се во сопственост на "S-System" © 2008. Дизајнанирано од "S-System"