| соларни системи | | греење | | вентилација | | климатизација | | контакт |
финансиска стимулација
што е соларен систем
станбени објекти
комерцијални објекти
грижа за корисниците
н.п.п.
каталози и цени
работно портфолио
контакт
 
 
 
 
 
Најчесто Поставувани Прашања.
1. Зошто да инвестирам во систем за соларно затоплување вода?
За да ги намалиш своите сметки за електрична енергија, се мисли на делот на потрошувачка на струја за затоплување вода.
Да добиеш независен систем за затоплување вода.
Да ги користиш благодетите и долгиот век на експлоатација на системот (со добро одржување може да изнесува и 25години).
2. Како работат соларните системи за затоплување вода?
Поопширно за тоа како работат системите за соларно затоплување вода види во делот на страната “што е соларен систем “.
3. Колкав систем ми е потребен?
Димензионирањето на системот зависи од неколку параметри кои можат да дадат различни крајни вредности за тоа колкав систем е потребен. Како главни може да ги наброиме следниве: локацијата, начин на експлоатацијата, видови на потрошувачи, вид на систем и сл. Генералните стандарди кои се важечки кај нас (според ISO) ни велат дека за домаќинствата потребно е да имаме 40л. топла вода (70°C) по член. Додека ако станува збор за објекти кои користат топла вода поинтензивно, пр: ресторани, училишта, спортски сали, јавни објекти, канцеларии и др. се прават претходни пресметки според проект задачите.
4. Колку чини систем за соларно затоплување вода?
Цената на еден систем може драстично да се разликува, бидејќи таа зависи од видот, микро локацијата каде се инсталира, капацитетот, квалитетот на материјалите од кои е изработен и др. Поради тоа овде ќе дадеме само цени од најупотребуваните системи кај нас. Овие информации може да ги најдете во делот на страната “каталози и цени“.
5. За колку време се враќаат инвестираните пари во системот?
Според средни просечни вредности на направени калкулации каде се земени во предвид претходните давачки за греење на вода, давачките за системот, неговата искористеност после инсталацијата и друго. Може да дојдеме до бројка која изнесува 2 до 4 години. Имајќи го во предвид векот на експлоатација на системот кој може да биде и до 25 години, исплатливоста на системот е повеќе од очигледна.
6. Други можности за финансирање?
Имајќи ги во предвид стандардот и куповната моќ на граѓаните на Р. М. правиме напори да обезбедиме кредитна линија која би им овозможила на голем број семејства да добијат соларен систем и имаат пристап кон овој обновлив извор на енергија.
7. Колку заштедувам на електричната сметка?
Финансискиот ефект кој се добива од користењето на соларните системи е долгорочен и не е за потценување со оглед на високите цени на сите други извори на енергија.
Подетално за тоа како соларниот систем ќе влијае во намалување на сметките за електрична енергија, притоа свесно имајќи ја во предвид важноста на овој сегмент во целиот систем. На нашата “web” страница го имаме посветено делот за “Финансиска Стимулација“ кој ни дава подетални информации за тоа колкаво може да биде значењето на соларниот систем врз домашниот буџет.
8. Потребни ли се дозволи за инсталација на системот?
Нашето законодавство не ги обврзува корисниците на системите за соларна енергија да бараат специјални дозволи за инсталирање на истите. Во некои земји од европската унија корисниците на системи за соларна енергија делумно се ослободуваат од плаќање на данок кон државата поради тоа што придонесуваат кон намалување на потрошувачката на електрична енергија а со тоа и кон подигање на еколошките стандарди и заштитата на средината. Се надеваме дека наскоро и ние ќе бидеме дел од тоа семејство.
9. Како да го порачам системот?
Системите можат да се порачаат во продажните салони на “БУЛОНИ“-Теарце, по телефон или e-mail, може да се повика екипа претходно да направи увид на состојбата на самото место каде треба да се изврши инсталација, за комерцијалните објекти претходно потребно е да се изработи пректна документација. Со тоа започнува процесот на набавка и монтажа на системот.
10. Дали е потребна претходна припрема на локацијата каде се инсталира системот?
Генерално системот функционира само со довод на студена вода во него. Но најповолно е кога веќе го имаме системот а тоа значи дека располагаме со топла вода, истата да биде спроведена до сите потребни локации во објектот. Доколку објектот нема паралелна инсталација на топла и ладна вода на местата каде ни е потребна, пожелно е да истата инсталација се направи или претходно или во тек на инсталацијата на соларниот систем.
11. Колку време треба да се инсталира еден просечен систем за соларно затоплување вода?
Во зависност од локацијата максималното време потребно за инсталирање (тука не влегува времето на набавка и евентуалното проектирање) изнесува: (доколку нема непредвидени проблеми)
За термосифонски системи 1 до 2 дена.
За системи со присилно струење на топлоносителот 3 до 5 дена.
12. Како се одржува системот за соларно затоплување вода?
Системите за соларно затоплување вода речиси и не бараат никакво одржување, можеби само периодични прегледи и повремено чистење на колекторите од прав и други нечистотии. Начинот како се одржува системот е објаснет во упатствата за користење на истиот кој корисникот ги добива после монтажа на системот.
13. Можам ли самиот да го инсталирам системот?
Да, доколку имате одреден степен на технички знаења и работно искуство во поглед на поврзување на цевководите и другите елементи на системот.
Нагласуваме дека посебно термосифонските системи имаат едноставен начин на инсталација, кој со малку ентузијазам и работа може да биде успешно аплициран на објектот.
Во случај да се решите самите да го инсталирате системот, компанијата не превзема никаква одговорност по евентуално направената штета ниту на опремата ниту по здравјето на луѓето.
Последнo обновување на овој дел од страната е извршено на 02.02.2008 година.
 
Сите права врз материјалите на страната се во сопственост на "S-System" © 2008. Дизајнанирано од "S-System"