Услови
Еден од основните услови кои треба станбениот објектот да ги исполни е да има кровна површина (коса или рамна) која гледа на јужна или југозападна страна. Доколку нема таква кровна површина потребно е дополнително да се изработи носечка конструкција за системот која ќе биде адекватно ориентирана.
Пожелно е станбениот одјект да има паралелна мрежа за топла и ладна вода за да може да се искористи топлата вода на сите места во објектот каде има потреба од неа. |
|
Финансиска стимулација кај домашните системи.
Со самото инсталирање на системот и негово пуштање во работа почнуваме со штедење на електрична енергија во делот на затоплување вода. Штедењето може да се зголеми со приклучување на други уреди кои се корисници на топла вода во станбените објекти, како на пример: машини за перење алишта и машини за миење садови.
Генерално може да се заклучи следново: на 1м2 инсталирана површина со колектори годишно се прави зашдеда на енергија од 1500 до 1600 KW (важи за вакуумски колектори). |
|
Видови на решенија
Се користат два типа на системи:
- Термосифонски и
- Централни соларни системи
Главната разлика меѓу едните и другите е во нивото на притисок во самиот систем и начинот на струење на топлоностелот.
Термосифонските системи кои моментално се нудат од наша страна се подпритисни системи со колектори кои се изработени од вакуумски цевки. Овие системи се отворени и работат под атмосверски притисок, што од друга страна ни дефинира минимална висинска разлика помеѓу локацијата на бојлерот и првиот корисник во системор да биде некаде 3 до 4 метри. Не се препорачува нивно користење во периоди од годината кога надворешната температура е пониска од 0 °C
Централните соларни системи се покомплексни и се со повисока цена, но од друга страна овозможуваат работа во текот на целата година и издржуваат надворешна температура до -35°C. Изборот на колектори е вакуумски или панелни. Системите се контролирани со дифетенцијален контролер кој овозможува максимално искористување на надворешните услови према потребите на корисникот за топла вода. Во зимските месеци кога имаме поладно време и пократок ден добивките од колекторот се во еден дел, додека другите се надополнуваат со електричен граеч или преку втор изменувач во бојлерот кој се снабдува со топлина од систмот за централно греење.
Без разлика кој систем се користи се добива:
-
Еден централен бојлер за целиот објект а не неколку како што е случај со електричните бојлери во станбените објекти (бојлер во купатило, кујна, второ купатило).
-
Заштеда на електрична енергија до 75% во делот на затоплување вода.
- Зголемено количество на топла вода, со што се зголемува квалитетот на живеење.
- Независен енергетски систем.
|
|
|